Хроника 23-годишен могорчанец не успеа да биде и успешен крадец

Дебарска неуспешна кражба: Ја ограбил кај банкомат, завршил во притвор

Дебарска неуспешна кражба: Ја ограбил кај банкомат, завршил во притвор

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.М.(23) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Тој, на 19.11.2025 забележал жена од Дебар како од банкомат во Дебар подигнала пари, по што насилно и ги одзел парите и избегал.

Набрзо, тој е пронајден и приведен во полициска станица.

To top