Хроника Јавно обвинителство

Четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гробови – ова се деталите

Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат. Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари.

Четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гробови – ова се деталите

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.

Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место.

Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат. Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

To top