Хроника

„Брзи и бесни“ по скопските улици- приведени две лица кои не застанале на СТОП, бегајќи оштетиле и други возила

„Брзи и бесни“ по скопските улици- приведени две лица кои не застанале на СТОП, бегајќи оштетиле и други возила

На 03.01.2025 година во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, откако претходно не ја почитувале полициската наредба за сопирање на возило, ги лишиле од слобода С.Ш.(42) и еден малолетник, двајцата од село Блаце, скопско.

При извршен претрес над патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш., биле пронајдени огревни дрва.

Инаку двајцата приведени, најпрво биле забележени во населбата Шуто Оризари, но на даден полициски знак „стоп“ тие продолжиле да се движат со возилото при што прво удриле во друго возило „Опел“, а потоа кај мостото во Визбегово удриле и во возило марка „Ауди“.

Исто така, при потрагата службено полициско возило марка „БМВ“ сопственост на МВР на улица „Индира Ганди“ удрило во патничко моторно возило марка „Поло“ управувано од Т.А. од Скопје.

To top