На 26.07.2024 во 08.00 часот, полициски службеници при СВР Битола го привеле И.Ј.(32) од Битола затоа што на бул.„1 Мај“ во Битола го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
При приведувањето кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.