Денеска (13.06.2024) во 03:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле лицето М.Ц.(23) од Скопје.
Приведен е затоа што околу 03:00 пред угостителски објект на подрачјето на Центар го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.