На 28.03.2024 во 18.40 часот во викенд куќа на ул„Туристичка“ во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б.Ч.(36) од Берово.
-Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од викенд куќата од каде одзел повеќе предмети. Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело „тешка кражба“ од друга викенд куќа, информира МВР.
Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.
По комплетирање на случаите против Б.Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.