На 13.01.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Велес, удрило во столб од наплатната станица.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.М.(41) од Велес, сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес, информира МВР.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.