На 13.12.2025 околу 12:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Прилепска“ во Кичево, патничко возило „тојота“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) од Кичево, удрил во четиригодишно дете од с.Арангел, кичевско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило четиригодишното девојче, констатирани во Медицински центар Кичево, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.