На 29.02.2024 во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир.
Според пријавата, таа агресивно се однесувала кон дел од станарите.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.