На 06.04.2024 во 05:30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта е приведен Н.Х.(43) од Република Албанија.
Тој илегално ја преминал македонско-албанската државна граница и без документи за идентификација престојувал на подрачјето на селото Велешта.
Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.