На 27.04.2024, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Меџитлија при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода К.К.(31) од Република Албанија.
Тој е приведен затоа што остварил илегален влез во Република Македонија.
На 28.04.2024 бил известен судија од Основен суд Битола, по чија насока на лицето му е издадено решение за враќање и забрана за влез во РМ во рок од две години, по што преку Граничниот премин Ќафасан е вратен во Република Албанија.