Хроника Радовиш

Агресивниот маж кој пијан нападнал полицајци е директорот на Центар за социјална работа

Порталот „Струмица денес“ пишува дека лицето кое го направило овој хаос во пијана состојба е директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш.

Агресивниот маж кој пијан нападнал полицајци е директорот на Центар за социјална работа

Вчера во 19:00 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен А.Ф.(36) од Радовиш.

Тој дошол во просториите на полициската станица Радовиш во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници.

„Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Порталот „Струмица денес“ пишува дека лицето кое го направило овој хаос во пијана состојба е директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш.

To top