Хроника

83 годишен возач прегази пешак во Куманово

83 годишен возач прегази пешак во Куманово

Патничко возило „рено клио“ со кумановски регистарски ознаки управувано од К.Б.(83) од с.Табановце, кумановско, удрило во пешакот А.Л.(56) од с.Ново Село, кумановско.

Несреќата, информираат од полицијата, се случила вчера околу 19:05 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Општата болница Куманово, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

To top