Седумдесет и две годишна жена од селото Камењане била нападната од нејзината јатрва, Т.Б. (63).
Случајот во полиција го пријавил синот на нападнатата жена, С.Б.(42). Тој пријавил дека поради имотни несогласувања, околу 08.30 часот неговата мајка С.Б.(72) била физички нападната од неговата стрина.
Неофицијално, несогласувањата била поради ѕид кој требало да се руши.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.