На 12.09.2025 околу 14:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(72) од Скопје и мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.И.(36) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Е.И.(33) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.