Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (08/09/10/12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопштија од министерството за внатрешни работи.
На територија на СВР Битола санкционирани се 315 возачи, меѓу кои 203 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 39 мерки за возење без возачка дозвола, 24 возачи за управување под дејство на алкохол… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.