Во Скопје вчера во 12.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода Н.С.(26) од Скопје.
При претрес во домот каде престојувала, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и две дигитални ваги.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава по брза постапка, соопшти МВР.