Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патиштa, велат од МВР.