Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.