Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно прстројување, 10 мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнуваат од МВР.