Хроника санкции

100 санкционирани возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

100 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 42 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење сигурносен појас, соопштија од  министерството за внатрешни работи.

To top