Вести веќе е во притвор за двојно убиство

Грција бара екстрадиција на осомничениот за убиството на Оки

Според истите информации, Атина бара екстрадиција, бидејќи делото е извршено на грчка територија и треба да му се суди во Грција, а осомничениот се наоѓа во притвор во Скопје, додека пак процесот на екстрадиција е во надлежност на Министерствата за правда на двете земји.

Грција бара екстрадиција на осомничениот за убиството на Оки

Грчката полиција, првично преку меѓународна, а потоа преку европска потерница, бара осомничениот за убиството на македонскиот државјанин на Халкидики да биде екстрадиран во Грција за да биде изведен пред грчката правда, а станува збор за 33-годишен кој е притворен во Скопје за учество во двојно убиство во март минатата година, дознава дописничката на МИА од Атина од грчки полициски извори.

Според истите информации, Атина бара екстрадиција, бидејќи делото е извршено на грчка територија и треба да му се суди во Грција, а осомничениот се наоѓа во притвор во Скопје, додека пак процесот на екстрадиција е во надлежност на Министерствата за правда на двете земји.

Паралелно, изворите на МИА посочуваат дека сè уште не е идентификуван соучесникот во убиството.

Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишен, а повреден беше 45-годишен, двајцата државјани на Северна Македонија, го идентификуваше сторителот, а во непосредна близина на убиството пронајде пиштол, ракавици и капа, додека пак лабораториски испитувања и анализи на наодите, утврдија дека пиштолот бил користен во конкретното кривично дело.

-Според собраните информации, се чини дека мотивот на кривичното дело е поврзан со ривалство помеѓу две криминални групи кои главно се занимаваат со трговија со дрога и се со седиште во земјата од каде што потекнуваат. Горенаведениот странски државјанин е уапсен и е задржан во притвор во својата земја, како осомничен за неговото учество во убиството на две лица, што се случи лани во март во нивната земја. Против него е распишана европска потерница и се преземаат потребните дејствија за негова екстрадиција во нашата земја, соопштија од грчката полиција.

Од грчката полиција, како што веќе објави МИА, потсетуваат дека во раните утрински часови на 15 јули 2023 година, на Халкидики, две маскирани лица се приближиле до вилата и со употреба на огнено оружје пукале во внатрешноста, што резултираше со смртоносна повреда на еден 39-годишен и повреда на 45-годишник, кои во вилата престојуваа со уште тројца нивни сонародници.

Веднаш по убиството, во околината биле пронајдени 19 чаури.

Тогаш, убиен беше Орхан Бајрами – Оки, кој се сметаше за еден од главните водичи на криминалната група „Дуќанџик“, додека пак во март минатата година во скопската чаршија беа убиени две лица, веројатно членови на истата група.

To top