Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ денеска го прослави Денот на вљубените со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ.
Имено Гудељ бил многу внимателен при одбирањето на подарокот за својата сопруга овој Валентајн, па се одлучил за неколку работи кои и се омилени на пејачката.
На масата Анастасија го фотографираше големиот букет со црвени рози, балони во форма на црвени срциња како и бонбониера и Моет шампањ кој се смета за еден од најскапите алкохоли во светот.
-Имам најдобар маж на светот! Те сакам, напиша ќерката на Цеца споделувајќи го на стори овој подарок од домот во Шпанија.