Познати

ФОТО: Цеца и Гудељ во прегратка, зетот со роденденска честитка и приватна фотографија

ФОТО: Цеца и Гудељ во прегратка, зетот со роденденска честитка и приватна фотографија

Цеца Ражнатовиќ вчера го прослави својот 52-ри роденден во друштво на семејството и пријателите, а нејзиниот зет Немања Гудељ јавно ѝ честиташе.

Немања сподели приватна фотографија со Цеца на својот Инстаграм, на која и упати емотивни зборови.

– Среќен роденден на мојата најмила тешта. Те сакам – напиша тој во описот.

Screenshot

Цеца откри кои се нејзините желби за роденден.

– Па, немам никакви нови желби. Најважно за мене е да сме сите заедно, да се сакаме, мислам на моето семејство, да се држиме заедно, да растеме заедно, да сме живи и здрави, некои лични желби да бидам здрава, силна, енергична, да бидам полна со позитивна енергија, да бидам опкружена со позитивни луѓе што ги сакам и кои ме сакаат мене, да ми се зголеми публиката, да продолжам да имам вакви прекрасни концерти. Тоа се некои од моите желби – рече пејачката.

To top