Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Над 16 фотографии кружат на социјалните мрежи. Во Клиничкиот центар во Скопје е истакнат список со повредени, а голем дел се во тешка состојба.
Над 50 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ во Кочани се префрлени во скопските клиники. Во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица, додека 24 лица се во Клиничкиот центар. Повредени се примаат и во болницата „8 септември“.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1685049605414981&id=100017298734997&ref=embed_post