Вести

ФОТО: Цвета љубовта – Кејти Пери и Џастин Трудо разменуваат нежности на јахта

ФОТО: Цвета љубовта – Кејти Пери и Џастин Трудо разменуваат нежности на јахта

Американската пејачка Кејти Пери ја потврди својата љубов со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, а двојката беше фатена како се бакнува на јахтата на пејачката.

На фотографиите првично објавени од Дејли Меил, Пери (40) и Трудо (53) може да се видат како се бакнуваат и прегрнуваат на јахта покрај брегот на Санта Барбара, Калифорнија.

Извор за „Сан“ изјави дека Трудо и Пери се во тајна врска од почетокот на летото.

Ова лето пејачката беше снимена како вечера со поранешниот канадски премиер. Иако тогаш почнаа гласини за љубовна врска, немаше потврда.

Трудо потоа беше фотографиран на нејзиниот концерт во Монтреал, каде што една од снимките споделени на Твитер покажа поранешниот премиерк како ѝ се смешка на Пери додека таа настапуваше на сцената, па дури и си пееше неколку зборови од нејзината песна „Dark Horse“.

Трудо се разведе од сопругата Софи Грегоар во 2023 година по 18 години брак. Тие имаат три деца.

Ова лето, Кејти Пери го потврди крајот на долгогодишната врска со Орландо Блум, со кого ја има ќерката Дејзи.

Најнови вести од Вести

To top