Вести она, кога лик со 101 афера зад себе ја одбива подадената рака

Филипче во улога на крадецот кој вика: ФАТЕТЕ ГО КРАДЕЦОТ!

„Имаме многу закони за кои ценев дека треба во еден инклузивен процес да се разговара, иако, ќе повторам, нам апсолутното мнозинство ни овозможува и без консултации со опозицијата тоа да го правиме. Но, ете, за жал имаме неодговорна, неконструктивна опозиција, безидејна опозиција, којашто еве се служи со вакви квалификации, како што денеска ги слушнавме на прес-конференцијата на господинот Филипче“, додаде Мицкоски.

Тој додаде дека ваквиот став на лидерот на СДСМ веројатно е дел од неговиот „менаџерски договор“ кој вклучува навреди кон Владата и одбивање вакви средби.

Филипче во улога на крадецот кој вика: ФАТЕТЕ ГО КРАДЕЦОТ!

Претседателот на СДСМ експресно ја отфрли подадената рака и арогантно одби да присуствува на најавената лидерска средба, на што премиерот со право му порача дека е незрел. За Филипче техничката влада која претходните избори самите СДС сакаа и напињаа да ја укинат сега – морала да остане, затоа што замислете уште повеќе – да ти била единствениот механизам за контрола на власта која, според него, ги узурпирала институциите?!

Во улога на КРАДЕЦОТ КОЈ ВИКА – ФАТЕТЕ ГО КРАДЕЦОТ – Веко со 101 афера зад и пред себе ни помалку ни повеќе  – туку го обвини Мицкоски дека бил во тесно и дека брзал кон предвремени избори за да спровел некава бизарна агенда која е во главата на Филипче и Фрчко за ступидно прифаќање на мигранти за пари.

„Средба со криминалци нема да има, нема средба за техничката влада. Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори. Ова што се случува е сценарио кое што е смислено уште лани, кое јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говоревме повеќе од два месеци- предвремени избори, па мигранти за пари“, изјави видно нервозен Венко Филипче кому фацијалната експресија му кажува дека не го чита со добра волја она луцидно четиво кое што Фрчко Сениор катадневно му го пишува. Во исто време додека Јуниорот „мучка“ психотропни супстанци по бироата на Бихаќка…

За Мицкоски ова е збунувачки и несериозан потег, со оглед на тоа што до неодамна Филипче и самиот бараше лидерска средба. Му порача дека, да е незрел како него, лесно може да ја укине техничката влада и без СДСМ, но сака да покаже конструктивност.

Премиерот рече оти сметал дека со повикот за лидерска средба ќе покажат зрелост и широчина и оти тоа ќе биде можност за обединување на сите политички чинители кои имаат свои пратенички групи во Собранието околу прашања важни за напредокот на државата

Мицкоски рече дека ако тие како влада се однесуваат така незрело и неодговорно како што се однесува Филипче, тогаш воопшто немало да повикуваат на лидерска средба, бидејќи со 61 пратеник во парламентот можат да ја „избришат“ техничката влада и за тоа не им е потребно мислењето на опозицијата.

„Но, ние сакаме процесот да биде инклузивен и покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници, повеќе од 90 проценти се градоначалници коишто доаѓаат од владината коалиција, речиси двотретинско мнозинство во парламентот, така што ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што тие се однесуваат, тогаш тоа можевме да го направиме и без таа лидерска средба“, изјави Мицкоски.

Но, како што додаде тој, на средбата со лидерите на парламентарните партии сакал да поразговара и за законите што се дел од реформската агенда, меѓу кои се Изборниот законик, Законот за јавно обвинителство, како и уште четири реформски закони во делот на правосудството. Тука се, рече Мицкоски, законот за јавнообвинителска и судска служба, потоа за Советот на јавните обвинители и за Судскиот совет.

„Имаме многу закони за кои ценев дека треба во еден инклузивен процес да се разговара, иако, ќе повторам, нам апсолутното мнозинство ни овозможува и без консултации со опозицијата тоа да го правиме. Но, ете, за жал имаме неодговорна, неконструктивна опозиција, безидејна опозиција, којашто еве се служи со вакви квалификации, како што денеска ги слушнавме на прес-конференцијата на господинот Филипче“, додаде Мицкоски.

Тој додаде дека ваквиот став на лидерот на СДСМ веројатно е дел од неговиот „менаџерски договор“ кој вклучува навреди кон Владата и одбивање вакви средби.

Мицкоски рече дека во текот на овие два дена формално ќе бидат испратени поканите, а средбата било планирано да се одржи на 14 јануари напладне во Клубот на пратеници.

Другите теми за кои Мицкоски рече дека сакале да разговараат се и за народниот правобранител, нешто што е содржано и во извештаите на Европската комисија.

To top