Економија тренд на раст

Златото со историски висока вредност, 5.000 долари за унца

„Проценуваме дека оваа година цената на унца злато би можела да достигне 6.400 долари, додека просечната цена би можела да биде 5.375 долари“, изјави независниот аналитичар Рос Норман, пренесоа британските медиуми.

Златото со историски висока вредност, 5.000 долари за унца

Цената на златото денеска за првпат во историјата се проби над нивото од 5.000 долари за унца, со што го продолжи својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии.

Растечката тензија меѓу САД и Европската Унија околу Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари минатата недела, па цената на златото силно порасна.

Утрово, сепак, таа се зајакна за дополнителни 0,9 проценти, на 5.029 долари за унца.

Минатата година, цената на благородниот метал скокна за 64 проценти, благодарение на намалувањето на каматните стапки во САД, падот на курсот на доларот, побарувачката од централните банки и рекордните приливи на пари во фондовите.

To top