Економија берза

Златото денес со повисока цена од вчерашната, се тргува по 136,5 евра за грам

Експертите предупредуваат дека иако цените денес се високи, пазарот на злато останува чувствителен на економски податоци и геополитички случувања. Многу анализи укажуваат на тоа дека инвеститорите продолжуваат да го гледаат златото како хедџ против несигурноста, а потенцијалните промени во политиката на каматни стапки и натаму ќе бидат клучен фактор за движењето на цените во наредните недели.

Златото денес со повисока цена од вчерашната, се тргува по 136,5 евра за грам

Цената на златото продолжува да држи високи нивоа на светските пазари. Денес на берзите е со повисока цена од вчерашната, се тргува по 136,5 евра за грам, а унца (31,1 грам) чини 4.245 евра. Златото на меѓународните пазари се тргува над „магичната граница“ од 5. 000 долари за унца, со благ пораст во текот на денот поддржан од слабеење на американскиот долар и пад на приносите на државните обврзници, што ги прави инвестициите во благородни метали поатрактивни за инвеститорите. Аналитичарите посочуваат дека очекувањата за потенцијални намалувања на каматните стапки од Федералните резерви во 2026 година и натаму ја поддржуваат побарувачката за злато како „безбедно засолниште“.

To top