Економија статистика

За 20 отсто намален бројот на издадени одобренија за градба

За 20 отсто намален бројот на издадени одобренија за градба

Во август годинава издадени се 275 одобренија за градење, што е за 20.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 851 654 илјади денари, што е за 31.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (60.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 45 (16.4 %) за објекти од нискоградба и 65 (23.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 275 објекти, на 167 (60.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 108 (39.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 531 стан, со вкупна корисна површина од 52 648 м2.

Најнови вести од Економија

To top