Економија Државниот завод за статистика

За 2,8 отсто зголемено индустриското прозводство во јануари

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2024 година,
во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање од 14.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 8.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21.7 %.

За 2,8 отсто зголемено индустриското прозводство во јануари

Индустриското производство во јануари годинава, во однос на јануари лани, е поголемо за 2.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2024 година,
во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање од 14.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 8.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21.7 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство
на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на
фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на
моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година,
бележи пораст кај Енергија за 19.7 % и Капитални производи за 41.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни
производи, освен енергија за 13.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 26.7 % и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 6.8 %.

To top