Цените на нафтата на светските берзи бележат значителен пад, покажуваат најновите податоци за референтните индекси. Во последниот час на берзите цената за барел се движи околу 85 долари.
Пазарните аналитичари посочуваат дека ваквите нагли осцилации се резултат на комбинација од геополитички случувања, движењата на глобалната понуда и побарувачка, како и реакциите на инвеститорите на меѓународните енергетски пазари.
Дел од нив, падот на цената на нафтата на светските берзи го поврзуваат со најавите на Г7 за можни големи ослободувања на залихите на нафтени деривати, но и со најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната со Иран е во голема мера завршена.
Промена на цените на горивата во Македонија се врши еднаш неделно, во понеделник. Доколку продолжи трендот на пад на цената на нафтата на светските берзи, можно е да се очекува поевтинување на горивата и на домашниот пазар во земјава.