Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 01/2025 за долгови доспеани до 30.09.2024 и неплатени до 31.12.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.01/2025 објавени се 1962 должници – правни лица (помалку за 7 од претходната листа) и 3915 физички лица (повеќе за 69 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2025 изнесува 11.509.677.366 денари, (повеќе за 309.353.404 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.332.488.139 денари, (повеќе за 268.957.462 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 177.189.227 денари (повеќе за 40,395,942 од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете ТУКА.