Трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави во јануари порасна од декемвриските 64,2 милијарди долари, на 67,4 милијарди долари, објави денеска американското биро за економски анализи (БЕА) на својата веб-страница.
Вредноста на американскиот извоз на стоки и услуги се зголеми за 0,1 отсто на 257,2 милијарди долари во јануари, додека увозот порасна за 1,1 отсто на 324,6 милијарди долари.
Во јануари, американскиот извоз на немонетарно злато, патнички автомобили или потрошувачки и капитални добра се зголеми, додека американскиот увоз на компјутерска опрема, компјутери или полупроводници во исто време порасна.
Соединетите држави забележаа најголем дефицит во трговската размена со Кина, кој изнесува 22,9 милијарди долари, како и со Европската унија, 18,1 милијарди долари и Мексико, 12,7 милијарди долари.