Економија царини

ТРАМП ВОВЕДЕ ЦАРИНА ОД 25% ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ ТРГУВААТ СО ИРАН Кина, Индија и Турција ќе бидат најпогодени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека секоја земја која тргува со Иран ќе биде подложена на царина од 25% за сите трансакции што ги остварува со Соединетите Американски Држави.

„Стапува во сила веднаш: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25% за сите зделки склучени со Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“.

Тој додаде дека „одлуката е конечна и не подлежи на жалба“.

Кина е меѓу најголемите трговски партнери на Иран, заедно со Обединетите Арапски Емирати, Индија и Турција.

Ова доаѓа откако портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Доналд Трамп не се плаши да употреби воена сила во Иран и дека „воздушните напади“ се една од многуте опции на маса.

– Воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на масата на врховниот командант. Тој јасно стави до знаење дека сигурно не сака да гледа луѓе убиени на улиците на Техеран и за жал, тоа е она што го гледаме во моментов – рече Ливит.

To top