Економија Енерго - Технома 2025

Ристески се обрати на конференцијата „Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“

На компаниите како главни извори за финансиска поддршка се обезбедените кредитни линии од Унгарскиот кредит, предвидените средтсва од програмите на министерството за економија и труд, како и финансиските средства кои им се достапни на компаниите согласно Закон за финансиска поддршка на инвестициите – кажа заменик-министерот Ристески.

Ристески се обрати на конференцијата „Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески се обрати на конференцијата „Manufacturing 2025 – Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“ .

Конференцијата е во организација на Македонското здружение на металната и електро индустрија – MAMEI и се организира во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2025“.

„Индустријата и производството се столбови на домашната економија и овој настан е одлична можност да размениме искуства, да ги презентираме успесите и развојот во компаниите, како и правецот во кои се движи развојот на стопанството. Владата и министерството за економија и труд се активен партнер на компаниите и преку бројни мерки го поттикнуваме нивниот економски раст и развој. На компаниите како главни извори за финансиска поддршка се обезбедените кредитни линии од Унгарскиот кредит, предвидените средтсва од програмите на министерството за економија и труд, како и финансиските средства кои им се достапни на компаниите согласно Закон за финансиска поддршка на инвестициите“ – кажа заменик-министерот Ристески.

Покрај големиот број на презентации, панели и дебати, во рамки на денешната конференција свои обраќања имаа и амбасадорот на Австрија Н.Е. Мартин Памер, директорката на делегацијата на германското стопанство во Македонија Антје Ванделт, Извршниот директор на Скопски Саем Даниела Глигоровска, Претседателката на Асоцијацијата на метална и електро индустрија Марта Наумовска Грнарова, како и Деканот на ФИНКИ Петре Ламески.

To top