Економија изјава

Ристески: Потрошувачката кошничка ќе вклучува секојдневни производи со цени од различни маркети

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска пред медиумите рече дека просечната месечна потрошувачка кошничка што ќе ја креира владата ќе биде изработена наскоро и дека за тоа ќе бидат консултирани и синдикатите и коморите.

Ристески не сакаше да открие кои производи ќе влезат во таа „потрошувачка кошничка“, но вели дека нема да биде првенствено наменета за јавноста, туку за потребите на владините политики.

– Можам да кажам дека ќе ја изработува Министерството за економија и ќе се земаат производи од секојдневието со цени од различни маркети од различни делови од земјата. Информациите ќе се користат од Државниот завод за статистика и од Државниот пазарен инспекторат, рече замениk министерот.

To top