Економија контроли на ујп

Пет даночни обврзници не издавале фискални сметки на „Егзит“ и „Тиквешки гроздобер“

Пет даночни обврзници не издавале фискални сметки на „Егзит“ и „Тиквешки гроздобер“

Контролите на Управата за јавни приходи за даночна усогласеност продолжуваат и во септември кај објектите на отворено.

Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено, односно на манифестациите “Егзит” во Струмица и “Тиквешки Гроздобер” во Кавадарци.

-Од извршените контроли, кај 5 даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и неводење книга за дневен финансиски извештај. Управата за јавни приходи пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони, информира УЈП.

Од Управата информираат дека работните средби со исто темпо продолжуваат и понатаму .

To top