Економија берза

Пад на Волстрит рекордните нивоа

На њујоршки Вволстрит во во понеделникот, иднексот Dow Jones и S&P 500 се лизнаа од рекордното ниво, бидејќи инвеститорите останаа внимателни пред објавувањето на новиот извештај за инфлацијата во САД, што може да влијае врз насоката на пазарите.

Пад на Волстрит рекордните нивоа

На њујоршки Вволстрит во во понеделникот, иднексот Dow Jones и S&P 500 се лизнаа од рекордното ниво, бидејќи инвеститорите останаа внимателни пред објавувањето на новиот извештај за инфлацијата во САД, што може да влијае врз насоката на пазарите.

Индексот Dow Jones загуби 0,16 отсто, на 39.069 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,38 отсто, на 5.069 поени, а индексот Nasdaq 0,13 отсто, на 15.976 поени.

Откако минатата седмица индексите силно пораснаа, благодарение на еуфоријата за развојот на вештачката интелигенција, новата трговска седмица започна со благ пад на цените на акциите.

Индексот S&P 500 се зголеми во 15 од последните 17 седмици, што се случи само еднаш во последните 50 години. Ваквиот долг позитивен тренд е благодарение на шпекулациите дека американската централна банка (Federal Reserve – Fed) агресивно ќе ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од март.

Сепак, откако неодамнешните податоци покажаа дека инфлацијата во САД неочекувано пораснала во јануари, намалувањето на каматните стапки на Fed во март веќе не се ни споменува на пазарот, а изгледите за намалување во мај се избледени. Така, сега преовладува мислењето на пазарот дека Fed ќе почне да ги намалува каматните стапки на седницата во јуни.

Шпекулациите за каматните стапки беа потиснати во втор план минатата седмица, бидејќи еуфоријата со вештачката интелигенција го поттикна пазарот откако производителот на чипови „Nvidia“ објави подобри од очекуваните квартални резултати. Сепак, пазарот во последните денови се примири, а фокусот повторно е на економските показатели кои би можеле да влијаат на очекувањата во однос на каматните стапки.

Најочекуваниот извештај за индексот на потрошувачките цени, кој Fed внимателно го следи, ќе биде објавен во четврток. Доколку се покаже дека инфлацијата не попушта како што се проценува, пазарот би можел да се најде под притисок, имајќи предвид дека цените на акциите речиси континуирано растат во последните месеци.

To top