Џонсон Мети е на првото место на листата на најголемите компании по приход (без претпријатија со доминатна државна сопственост, банки и финансиски институции), покажува анализата на порталот „Пари“.
Џонсон Мети во 2023 година завршил со приход од 2,38 милијарди евра. Првото место веќе подолго време е за оваа компанија, но лани бил за 4% помал во споредба од 2022 година кога изнесувал 2,47 милијарди.
На самиот врв кај десетте најголеми компании по приход се енергетски компании, компании за нафтени деривати, компании од зоните, нашиот фармацевтски гигант Алкалоид, и трговскиот ланец КАМ. Интересен факт е што првите 4 компании по рангирање на листата биле на истите први 4 места како и во 2022 година, но лани сите имале помал приход отколку годината пред неа.
Кај останатите во првата десетка има и промени во рангирањето, а најдраматична е променатата кај фабриката за производство на автобуси Ван Хоол, која од 34. место во 2022 година скокнала на 8. во 2023 година.
Првите 10 компании заедно направиле вкупен приход од речиси 5,6 милијарди евра.
ЛИСТАТА НА ПРВИТЕ 10 КОМПАНИИ ПО ПРИХОД ВО 2023:
1.ЏОНСОН МЕТИ – 2,38 МИЛИЈАРДИ ЕВРА
2.ОКТА – 801,6 МИЛИОНИ ЕВРА
3.МАКПЕТРОЛ – 494,3 МИЛИОНИ ЕВРА
4.ЕВН ХОМЕ – 411,1 МИЛИОНИ ЕВРА
5.КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ – 352,6 МИЛИОНИ ЕВРА
6.КАМ – 268,9 МИЛИОНИ ЕВРА
7.ВАН ХООЛ – 247 МИЛИОНИ ЕВРА
8.СУПЕРТРЕЈД – 216,1 МИЛИОНИ ЕВРА
9.АЛКАЛОИД – 209,7 МИЛИОНИ ЕВРА
10.ТЕ-ТО – 205,5 МИЛИОНИ ЕВРА
ИЗВОР: ПАРИ