Економија криптовалута

Остар пад на биткоинот

Биткоинот е со најголемиот неделен пад на вредноста за повеќе од една година. Цената на биткоинот падна на 54.122 американски долари.

Остар пад на биткоинот

Биткоинот е со најголемиот неделен пад на вредноста за повеќе од една година. Цената на биткоинот падна на 54.122 американски долари.

Неделниот пад би можел да изнесува повеќе од 12 отсто, што значи дека ќе биде најголем пад од почетокот на ноември 2022 година. Биткоинот имаше силен почеток на годината по лансирањето на фондовите со кои се тргува во САД. Во средината на март вредноста достигна 73.803 долари, со што беше срушен рекордот.

Медиумите наведуваат дека Gox, која беше водечка берза за криптовалути во светот пред да пропадне пред една деценија, може да започне со враќање на биткоини на доверителите. Се претпоставува дека доверителите многу брзо ќе ги продадат биткоините што ги добиваат, бидејќи нивната вредност во 2014 година била само неколку стотици долари.

To top