Економија Илон Маск и натаму најбогат човек

Нова промена на листата на милијардери

Нова промена на листата на милијардери

Сопственикот на технолошката корпорација „Мета“, Марк Цукерберг, напредуваше на најновата листа на милијардери на Блумберг и го зазеде третото место, додека сопственикот на корпорацијата за луксузни стоки LVMH, Бернард Арно падна на четвртата позиција.

Како што се наведува, богатството на Цукерберг се зголемило за 4,32 милијарди долари на 188 милијарди долари од последното мерење, а од почетокот на годината неговата пазарна вредност се зголемила за 59,5 милијарди долари.

И богатството на Арно се зголеми од последното мерење, од 884 милиони долари на 185 милијарди долари.

Податоците покажуваат дека богатството на Арно е намалено за 23 милијарди долари од почетокот на годината.

Најбогат човек на светот и понатаму е сопственикот на компаниите „Икс“ и „Тесла“, американскиот претприемач Илон Маск, кој има богатство од 235 милијарди долари, а зад него е основачот на „Амазон“, Џеф Безос со богатство од 193 милијарди долари.

Во првите десет се и ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, поранешниот шеф на Оракл, Лери Елисон, ко-основачот на „Гугл“, Лери Пејџ, поранешниот директор на „Мајкрософт“, Стив Балмер, другиот ко-основач на „Гугл“, Сергеј Брин и инвеститорот Ворен Бафет.

To top