Економија буџет

Мицевски: СДС со гола политика и без аргументи се обидува да го поткопа развојниот буџет за 2025 година

Пратеникот Јане Мицевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во своето излагање на денешната расправа за Предлог-буџетот за 2025 година изрази критики кон СДС околу нивната политика во однос на истиот. Мицевски истакна дека не само што нивната политика е неискрена, туку е и политички нерационална. Според него СДС, кои сега го критикуваат Предлог-буџетот, во последните 7 години не реализирале ништо конструктивно.

„Малку треба да се засрамат сите колеги пратеници од СДСМ кои говорат за Буџетот кој го поднесовме сега. Зошто? Затоа што ако имавте искрени намери да нешто се смени, ќе го направевте тоа изминативе 7 години. Имавте 7 години да реализирате се што сега зборувате, наместо да крадете. Ако имате малку џентлменска и рационална политика во вас, свесни ќе бевте дека треба да бидете конструктивни“, истакна Мицевски.

Мицевски додаде дека СДС доколку беа сигурни во своите аргументи, би ги образложиле за истите да имаат реална тежина. Според Мицевски, обвиненијата од страна на СДС се само дел од „голата политика“ која не ги има реалните факти на своја страна.

„Ако малку, ама барем малку бевте сигурни во она што го говорите дека буџетот за 2025 е неразвоен, недомаќински и слично, ќе оставевте да се изгласа, а подоцна ако бевте во право со аргументите ќе имавте тежина со тие критики. Вие сега немате никаква тежина и ви се смеат сите дека водите само гола политика. Но, за жал, вие знаете дека ништо од тоа што го говорите не е вистина. Вие знаете дека ова е сè обратното од тоа што вие сте правеле, а вие освен грабеж, не правевте ништо друго“, кажа Мицевски.

Мицевски истакна дека предлог-буџетот се бори со сите негативни феномени што ги создаде претходната власт како сивата економија, криминалот и застојот во економскиот раст. Мицевска исто така истакна дека овој буџет е дизајниран да биде основа за економски напредок, а не за пад и пропаст.

„Овој буџет се бори со сето она што вие го правевте и затоа не ви се допаѓа. Се бори со сива економија, се бори со криминал, се бори за напредок и повисок економски раст, наместо вашата пропаст којашто ни ја нудевте и прикажавте изминатите 7 години“, рече Мицевски.

Според Мицевски, СДС се чувствуваат загрозени од новата политичка реалност, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на реформите, а СДС ќе мора да се соочи со последиците од своето владеење.

„Сега не е така и затоа сте толку исплашени. Затоа што знаете дека новиот буџет е функционален, затоа што знаете дека е развоен и затоа што знаете дека ќе биде основа за да ве фрли на политичкото буниште во следната декада. Затоа што знаете дека долги години ќе бидете опозиција, затоа што сега некој ги прави работите домаќински и различно од вас“, заклучи Мицевски.

Најнови вести од Економија

To top