Економија Од ноќеска ново намалување

Македонија со најевтини горива во регионот: Што вели најновата статистика за цените на бензините и дизелот?

Во Грција и Албаниија, дизелот се продава за над 2 евра по литар.

Македонија со најевтини горива во регионот: Што вели најновата статистика за цените на бензините и дизелот?

Бензините поевтинуваат од ноќеска на полноќ, а дизелот останува со иста цена.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Од 31.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,410 (денари/килограм)

Македонија со најевтини горива во регионот.

Пресметано во евра, во моментов, горивата во Македонија се продаваат по следиве цени:

95 – од 1,32€ до 1,37€ за литар
98 – од 1,34€ до 1,39€ за литар
Дизел – од 1,52€ до 1,55€ за литар

Какви се цените во другите држави?

Во Хрватска, ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава по цена од 1,62€ до 1,81€ за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 се продава по цена од 2,04€ до 2,2€ за литар, а дизелот од 1,73€ до 2,14€ за литар.

Во Србија, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и премиум се продава по цена од 1,6€ до 1,83€ за литар, 100 – од 1,77€ до 1,87€ за литар, а дизел и дизел премиум  од 1,81€ до 1,95€ за литар.

Во Босна и Херцеговина, просечна цена за ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 1,37€ за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 се продава по просечна цена од 1,33€ за литар, а дизелот за 1,74 евра,

Во Словенија, пак, дизелот и дизел премиум се продаваат по цена меѓу 1,7 и 2,01 евро по литар. Бензинот 95-ка чини 1,59 евра по литар, а 100-ката 1,85 евра по литар.

Во Црна Гора, пак, дизелот чини 1,57 евра за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 чини 1,52 евра, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 чини 1,56 евра по литар.

Во Грција и Албаниија, дизелот се продава за над 2 евра по литар.

 

Најнови вести од Економија

To top