Економија рек битола

Исклучен првиот блок на РЕК Битола

Повторно исклучен првиот блок на РЕК Битола. Од комбинатот информираат дека поради испад на 110 киловолтниот далновод ма електропреносниот оператор МЕПСО, Блок 1 бил исклучен во 12 часот денеска. Истовремено, снемало струја во неколку населби во Битола. Раководните лица тврдат дека тоа немало никаква врска со работењето на комбинатот, туку со проблемот во мрежата на МЕПСО.

Исклучен првиот блок на РЕК Битола

Повторно исклучен првиот блок на РЕК Битола. Од комбинатот информираат дека поради испад на 110 киловолтниот далновод ма електропреносниот оператор МЕПСО, Блок 1 бил исклучен во 12 часот денеска. Истовремено, снемало струја во неколку населби во Битола. Раководните лица тврдат дека тоа немало никаква врска со работењето на комбинатот, туку со проблемот во мрежата на МЕПСО.

„Редовното и нормално функционирање на Блок 1 беше прекинато бидејќи во критичниот момент, постројката не можеше да ја испорача произведената електрична енергија кон македонскиот електроенергетски систем, по што согласно сигурносните протоколи блокот беше исклучен. Стручни лица од РЕК Битола работат на надминување на состојбата и повторно ставање во функција на Блок1“ – РЕК Битола.

Овој испад на првиот блок е трет во период од 40тина дена. Паралелно, без проблеми се одвива производството на струја од Блок 2 бидејќи постројката е поврзана со МЕПСО преку друг, 400 киловолтен далновод. Блок 3 не е функција, бидејќи во моментов се одвиваат ремонтни активности.

Инаку, раководството во РЕК Битола поставено од поранешната Влада, се брзаше пред заминување, па склучи рекорден број договори по распишани тендери, вкупно 30 за само една недела во јули и тоа токму за работна рака за ремонт на блоковите.

Од сите тендери, омилената и контроверзна Марковски компани доби шест набавки во вкупна вредност од 6 милиони евра. Оваа фирма веќе 5 години се поврзува со сомнителни тендери токму во овој комбинат.

Инаку и државните електрани на почетокот на август потрошија 1,3 милиони евра за увоз на струја, во количина што еден блок на РЕК Битола би ја произвел за два дена.

Премиерот Мицкоски во неколку наврати фрли сомнеж врз работата на РЕК Битола и други државни претпријатија и обвини за епски криминал направен од страна на претходната власт на СДСМ и ДУИ. Обвинителството веќе отвори предистражни постапки за ваквите наводи, одржува средби со ревизори и постапува во сите случаи каде има сомневања за злоупотреба на народни пари.

Најнови вести од Економија

To top