Економија Компанија лидер во производството на висококвалитетни системи за греење вода

Интерес за нови инвестиции во ТИРЗ: Димовски на средба со сопственикот на „Zenith Water Heater“

​​​Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со Куреш Мукадам, сопственик на компанијата „Zenith Water Heater“, светски лидер во производството на висококвалитетни системи за греење вода. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, како и можностите за инвестирање во рамки на зоните.

Директорот Димовски ги претстави инвестициските можности кои ги нуди државата преку ТИР зоните, нагласувајќи ја активната поддршка за секој потенцијален инвеститор. Од негова страна беше истакната стабилната деловна клима, бројните поволности и можности за долгорочен раст и развој на компаниите во зоните.

Од страна на сопственикот на „Zenith Water Heater“, Куреш Мукадам, беше изразен интерес за инвестирање, при што беа претставени плановите за проширување на деловните активности, земајќи предвид дека компанијата е веќе присутна во земјата. Тој ја истакна позитивната соработка со институциите и ја оцени поддршката како значаен фактор при одлучување за нова инвестиција.

Компанијата „Zenith Water Heater“ со седиште во Аџман, ОАЕ е меѓу водечките производители на бојлери, посветена на испорака на премиум решенија за загревање вода. Како подружница на Star Industrial Products LLC, признато и доверливо име во индустријата, компанијата нуди сигурни, ефикасни системи за загревање вода прилагодени за да ги задоволат потребите на домовите, бизнисите и индустриите низ повеќе од 30 земји низ целиот Блиски Исток, Азија, Европа и Африка.

To top