Доходот кој го остварувате по основ на издавање во закуп или подзакуп на станбени простории, соби, апартмани, простории за одмор и рекреација (викендици), гаражи и сл. непосредно или преку AirBnb , Booking.com, FB, Кајак и други платформи подлежи на оданочување со данок на личен доход и истиот треба да се пријави во Управата за јавни приходи преку системот „еДаночни услуги“.
Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што сте го оствариле.
Висината на нормираните трошоци со кои може да го намалите остварениот доход изнесуваат:
– 10% од износот на доходот (за неопремен простор)
– 15% од износот на доходот (за опремен простор)
Пријавувањето на доходот од издавање во закуп или подзакуп на недвижен имот на друго физичко лице, задолжително се врши до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој имотот е даден во закуп или подзакуп со поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) и докази преку системот е-Даночни услуги e-ujp.ujp.gov.mk