Економија одлука

Горивата поевтинуваат од полноќ

Горивата поевтинуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,94%  во однос на одлуката од 29.12.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит,.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 ден/кг и сега ќе изнесува 32,801 ден/кг.

Од 06.01.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95   70,00 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98   72,00 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   64,50 (денари/литар)

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    64,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    32,801 (денари/килограм)

To top