Економија

Германската економија годинава ќе има раст од само 0,1 отсто

Експертите очекуваат економски раст во Германија од 1,4 отсто во 2025 година, додека наесен предвидуваа 1,5 отсто, се наведува на веб-страницата на Институтот за економски истражувања ИФО во Минхен.

Германската економија годинава ќе има раст од само 0,1 отсто

Германската економија ќе има раст од само 0,1 отсто во 2024 година, се вели во пролетната прогноза што денеска ја објавија пет водечки германски економски истражувачки институти.

Економските експерти значително ги намалија очекувањата во однос на претходната есенска прогноза, кога веруваа дека економскиот раст на Германија во 2024 година ќе изнесува 1,3 отсто.

Експертите очекуваат економски раст во Германија од 1,4 отсто во 2025 година, додека наесен предвидуваа 1,5 отсто, се наведува на веб-страницата на Институтот за економски истражувања ИФО во Минхен.

Германската економија покажува циклични и структурни слабости, а очекуваното закрепнување што треба да започне напролет нема да биде силно, смета шефот на економските истражувања за светската економија во Институтот во Кил, Штефан Кутс.

Приватната потрошувачка во Германија порасна подоцна и со помал интензитет отколку што очекуваа експертите.

„Германскиот извоз се намали и покрај растот на глобалната економска активност, првенствено затоа што побарувачката за капитал и суровини, кои се важни за Германија, беше слаба“, се истакнува во извештајот.

Во пролетната прогноза се наведува дека инфлацијата во Германија ќе биде 2,3 отсто во 2024 година и ќе се намали на 1,8 отсто во 2025 година.

Експертите очекуваат базична инфлација од 2,8 отсто во 2024 година и нејзин пад на 2,3 отсто во 2025 година.

Според експертите, стапката на невработеност во Германија веројатно ќе биде 5,8 отсто во тековната година и 5,5 отсто во 2025 година.

To top