Економија берза

Европските индексите стагнираат, пад на азиските берзи

На европските берзи се тргуваше претпазливо во средата претпалднето, при што берзанските индекси стагнираат бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат премногу ризик додека ги чекаат извештаите за инфлацијата од САД и еврозоната.

Европските индексите стагнираат, пад на азиските берзи

На европските берзи се тргуваше претпазливо во средата претпалднето, при што берзанските индекси стагнираат бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат премногу ризик додека ги чекаат извештаите за инфлацијата од САД и еврозоната.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,1 отсто претпладнево, откако вчера благо порасна. Лондонскиот FTSE индекс во првиот дневен пресек од тргувањето ослабе за 0,38 отсто, на 7.655 поени, а париски CAC за 0,11 отсто, на 7.940 поени. Франкфуртски DAX порасна, пак, за 0,06 отсто, на 17.565 поени.

На повеќето азиски берзи цените на акциите претпладнево паднаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот период како и тргувањето на европските беше во минус за 0,4 отсто. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај и Хонгконг се лизнаа меѓу 0,1 и 1,9 отсто. Во Јужна Кореја, пак, тие скокнаа за околу 1 процент.

На берзите во владее претпазливост, исто како и вчера на њујоршски Волстрит, каде Dow Jones загуби 0,25 отсто, додека S&P 500 зајакна 0,17 отсто, а Nasdaq индексот 0,37 отсто.

Откако минатата седмица индексите силно пораснаа, благодарение на еуфоријата за развојот на вештачката интелигенција, пазарот во последните денови беше претпазлив. Како што измина пикот на сезоната за објавување на деловните резултати на компаниите, макроекономските податоци и шпекулациите за тоа кога американската централна банка ќе почне да ги намалува, каматните стапки се враќаат во фокусот на инвеститорите.

А откако неодамнешните податоци покажаа дека инфлацијата во САД неочекувано пораснала во јануари, намалувањето на каматните стапки на Fed во март веќе не се ни споменува на пазарот, а изгледите за намалување во мај се избледени. Дотолку повеќе што челниците на Fed велат дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки. Така, сега преовладува мислењето на пазарот дека Fed ќе почне да ги намалува каматните стапки на седницата во јуни.

Најочекуваниот извештај за индексот на потрошувачките цени, кој Fed внимателно го следи, ќе биде објавен во четврток. Доколку се покаже дека инфлацијата не попушта, како што се проценува, пазарот би можел да се најде под притисок, имајќи предвид дека цените на акциите речиси континуирано растат во последните месеци.

Најнови вести од Економија

To top